ЛЕВИЦА: Власта враќа милиони на најбогатите газди а нема пари за децата

 

Дневниот центар во Шуто Оризари, кој веќе 19 години згрижува деца од улица, е пред затворање откако министерството предводено од Фатмир Лимани скандалозно им ја прекина финансиската помош! Овој дневен центар згрижува речиси 100 деца, кои таму го добиваат единствениот оброк во денот.  Ова денеска го велат ЛЕВИЦА преку соопштение до јавноста.

- Ваквиот скандалозен чекор на Лимани значи дека сите овие деца ќе се вратат на улица и ќе продолжат да питачат, затоа што власта единствено се грижи да ја укине финансиската помош за Центарот, без да понуди било каква алтернатива за нивно згрижување. Улогата на овие  дневни центри  е децата наместо да бидат на улица, да бидат згрижени и да добиваат дополнителна едукација, топол оброк, облека, социјална активности и сл. Во Македонија постојат само два вакви дневни центри (што е недоволен број) и истите без финансиска помош од државата не можат да опстојат. Кратењето на финансиски средства од најризичните категории Левица го оценува како скандалозен и нехуман потег од страна на коалициониот партнер на Мицкоски. Наместо да се зголеми финансиската поддршка за социјално загрозените, јавноста сведочи како десничарската влада крати средства токму од оваа категорија лица!, велат тие.

Додаваат дека додека сведочиме како милиони евра се враќаат од буџетот на најбогатите газди, власта нема пари за најзагрозените деца. Го повикуваме јавно министерот Лимани да се откаже од деструктивните намери за затворање на дневниот центар во Шуто Оризари - а, доколку не е способен да ги менаџира социјалните процеси, веднаш да си поднесе неотповиклива оставка!

12.03.2025 - 09:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега