Левица: Зибери се обиде да го нападне Крмов

„На денешната тензична седница во Собрание, пратеникот од редовите на ДУИ, Арбен Зибери, се обиде да го нападне пратеникот КРМОВ!

Им порачуваме на амнестираните насилници од ДУИ дека времето на плашење на македонскиот народ заврши и дека нивните послушници ДПМНЕ и СДС се делегитимирани одамна во очите на македонскиот народ“, реагираат од Левица преку соопштение до медиумите.

„Нови времиња доаѓаат и нова историја ќе се пишува во македонското Собрание“, додаваат оттаму.

20.11.2023 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега