Левицата поднесе Предлог-закон за намалување на платите на уставните судии

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателот на Собранието на Република Македонија, поднесоа Предлог-закон за измена и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица на РМ.

„Целта на овој Предлог-закон е, да се анулира додатокот за плати, кој уставните судии си го изгласаа со промена на Деловникот во октомври 2020 година, а со кој ќе може да примаат додатоци до 35% од основната плата – кои ќе изнесуваат дури до 500 евра! Имено, овој специјален додаток се однесува на: посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост!? Сметаме дека, во случајов, нема никаков правен основ за овие додатоци – бидејќи уставните судии работат апстрактни спорови (т.е. судир на акти), а не конкретни спорови меѓу странки“, реагираат од оваа партија.

Според Левицата тие го кршат Уставот по неколку члена и тоа: чл. 113, каде со акт на судот им е дозволено да се уредува само „начинот на работа и постапката“, а не и платата и чл. 109, каде како што посочуваат од партијата е нагласено дека се избрани од Собранието и со тоа за нив важи Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица на РМ, а материјата за плата не може да се уредува со менување на Деловник.

Од таму потенцираат дека, постојат индиции за вршење на кривично дело по чл. 353 од КЗ, односно „злоупотреба на службена должност и овластување“, за што како што посочуваат тие преку правен тим ја разгледуваaта можноста за поднесување на кривична пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега