Лежалка чини 1.300 евра - Ако планирате да летувате на оваа дестинација, подгответе многу пари

 

Ако ова лето планирате да патувате во Хрватска и таму да се одморите од работните обврски, тогаш подгответе се да дадете многу пари. Цените во хрватските туристички центри растат со забрзано темпо, а оваа сезона веќе доби ознака „одмор под хипотека“ на социјалните мрежи.

Кафе чини пет евра, додека за лежалка во Сплит се дава од 35 до неверојатни 1.300 евра.

Според податоците од платформата Numbeo, Сплит е поскап од познатите европски дестинации како Ибица, барем кога станува збор за угостителските и туристичките услуги. И тоа уште пред официјалниот почеток на сезоната.

10.06.2025 - 08:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега