Лила се прости од Андреј ДНК: Летај куме со ангелите

 

Македонската водителка Лила Филиповска, скршена од болка се огласи за трагедијата во Кочани и смртта на Андреј од ДНК.

- Навикната бев да ви ги споделувам новите песни и спотови на ДНК со години наназад. Никогаш не помислив дека сега ќе споделам ваква тажна, претажна вест. Кога ми ја пушти песната “Ако утре ме нема” ти реков дека многу ми се “свиѓа” без да помислам дека таа песна ти ја претскажа тажната судбина. Те нема веќе куме ама само физички… во срцата на оние кои те сакаат ќе те има засекогаш. Летај куме летај со ангелите и чувај нѐ од горе а ние вечно ќе те памтиме и ќе ни фалиш, напиша Лила на социјалните мрежи.

Таа изрази искрено и длабоко сочувство до неговото семејство.

Инаку, во пожарот во дискотеката Пулс каде настапуваа ДНК, загинаа 59 лица, а стотина се повредени.

17.03.2025 - 08:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега