Литванскиот министер за одбрана поднесе оставка
Литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас ја поднесе оставката до премиерот, јави Литванската радио телевизија (ЛРТ), повикувајќи се на прес-службата на владата.
Премиерката Ингрида Симонита денеска доби писмо за оставка на министерот за одбрана“, се вели во соопштението на Владата.
Извори на ЛРТ претходно потврдија дека министерот се подготвува да поднесе оставка, но причините се уште не се познати.
15.03.2024 - 20:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа