Љутков: Делото на Кирил и Методиј од пред 11 века е цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со гордост

„Денеска ги чествуваме сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Нематеријалната култура е стожерот на нашиот идентитет. Македонскиот јазик, нашата писменост се најзначајните репрезенти на нашата земја“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!“ која е во рамките на свеченоста по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј.

„Создавањето на старословенското автономно писмо и глаголската и кириличната азбука е историски настан од исклучителна духовна, општествена, политичка и културна важност. Далекусежни се мислите за описменување на словенскиот род од светите браќа Кирил и Методиј, рамни на неповторливо визионерство“, заклучи тој.

24.05.2024 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега