Љутков: Вевчани е бренд

 

Вевчанскиот карневал е многу важен не само за Вечвчани, туку и за Република Македонија. Тој е национален бренд, нешто што е препознатливо не само во Македонија, туку препознатлив и интересен и за Европа и за целиот свет. Мора да го негуваме и да ја одржуваме и надоградуваме оваа традиција. Тоа го истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков пред официјалниот почеток на дефилето од Вевчанскиот карневал.

Важно за карневалот, според него, е критиката кон општеството и политичарите за корекција и подобро утре.

- Она што е многу важно особено за овие карневали, бидејќи доаѓам од професијата актер и театарот секогаш го критикува општеството. Ги критикува политичарите, ги критикува политичките ситуации. И овој карневал ја има истата улога, сега да ме критикува и мене, да го критикува општеството, да ги критикува политичарите, и тоа треба да го прифатиме многу позитивно. Со самата таа критика и ние ќе се подобориме во односот и спрема општеството и спрема граѓаните, рече Љутков.

Иако Вевчанскиот карневал имаше прекини во однос на финансирањето тој вети дека зголемување на буџетот од година во година, со надеж дека манифестацијата ќе расте и ќе стане се посилен бренд за Македонија.

13.01.2025 - 17:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега