Лога: Работат руски сили - мислев на судир меѓу партиите на Албанците и Македонците

 

Министерот Лога во писмено соопштение реагира на пренесени информации за негов настап во телевизиско гостување. Неговата реакција ја пренесуваме интегрално

Реакција на министерот за правда, Кренар Лога за написот на порталот Прес24

Пренесувањето на дел од одговорот на прашања и констатираната состојба од страна на новинарот е злонамерен чин за пропаганда на сметка на предизборната кампања. Идеолошкиот судир Запад-Исток, во ниту еден момент не смее да се претставува како судир меѓу Aлбанците и Mакедонците, а најмалку како нешто кажано од моја страна. Тоа што, општо е познато во нашата земја е дека во Северна Македонија има прогресивни европски сили и регресивни проруски струи. Македонскиот и албанскиот народ ниту еднаш немале судир меѓу себе, ниту пак ќе имаат во иднина, што е докажано низ вековите. Политичкиот судир и дебата меѓу политичките партии на Aлбанците и Mакедонците, не смее да се доведе во контекст на судир меѓу народите. Проруските сили и нивната пропаганда за жал земаат простор и во медиуми, без да водат сметка за иднината на нашата држава

„Резултатот од изборите на 8 мај ќе биде почеток на вистински судири помеѓу Македнците и Албанците“ - рекол вчера Лога во телевизиско интервју, за кое денеска се дообјаснуваше

29.02.2024 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега