Лога заминува во Хаг
Министерот за правда Кренар Лога, утре и задутре ќе оствари работна посета на Хаг, Холандија во рамките на која е предвидено да присуствува на Церемонијата за потпишување на Љубљанско-Хашката Конвенција во Палатата на мирот каде ќе ја потпише Конвенцијата за меѓународна соработка во истрагата и гонењето на злосторството геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и други меѓународни злосторства.
На настанот ќе присуствуваат министри за правда од повеќе од 80 држави во светот.
На 15 февруари, министерот за правда Кренар Лога ќе оствари средба со претседателот на Европравда, Ладислав Хамран.
Средбата која е иницирана од страна на претседателот Хамран е во рамки на веќе воспоставената соработка како и разгледување на можностите за повторно покренување на прашањето за упатување на обвинител за врска од Република Северна Македонија во Европравда кое е еден од клучните предуслови за реализирање на меѓусебната соработка со Европравда и обезбедување ефикасност во борбата против прекуграничниот криминал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа