Локализиран е дефектот и нормализирана е испораката на енергија кај најголем дел од потрошувачите во Кисела Вода
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина во тек на вчерашниот ден во најкраток рок го локализираа дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа во населбата Кисела Вода, извести ЕСМ.
„По локализирање на дефектот, утрово повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина и денес се на терен и интензиво работат на санација на дефектот, со цел истиот да биде саниран во најкус можен рок“, соопшти ЕСМ.
Како што велат преку соопштението, во попладневните часови во текот на вчерашниот ден, поради високите надворешни температури не се вршела испорака на топлиснка енергија.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа