Лош старт на СП за македонските ракометари

Лош старт на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Египет. Со подмладената репрезентација, ракоментарите загубија со 20:32 од Шведска која имаше проблеми со болни ракометари.

Иако со голот на Поповски на стартот на натпреварот Македонија најави борба за победа, сепак ракометарите беа немоќни против силните „викинзи“.

Најпрецизен беше капитенот Кире Лазаров со пет гола. По два дадоа Костески, Пешевски, Поповски, Стоилов и Танковски.

Кај Швеѓаните, пак, најпрецизен беше Вано кој постигна 11 голови.

Македонските ракометари задутре ќе играат против домаќинот Египет, а натпреварот ќе почне во 18 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа