Лоши вести од познатиот српски уролог: Ковидот дефинитивно може да донесе тешки последици кај некои мажи
Во уролошките ординации веќе се јавуваат пациенти кои во првиот бран го прележаа коронавирусот и кои сега имаат проблем со машки стерилитет.
Урологот проф. д-р Александар Милошевиќ вели дека веќе имаат пациенти кои имале ковид19 и кои имаат забавени сперматозоиди, но при тоа не навел ниедно конкретно истражување кое е направено на таа тема.
-Првите искуства се дека вирусот корона дефинитивно има влијание на машкиот стерилитет - рекол Милошевиќ.
За последиците од короната врз машкиот стерилитет веќе укажата светската наука. Истражувачите од Универзитетот за наука и технологија Хуажонг во Вухан повикале на итни истражувања на долгорочните последици од инфекцијата ковид 18 на плодноста на мажите поради појавата на многубројните докази за намалување на подвижноста и помалиот број на сперматозоиди и оштетувањето на тестисите.
Професор Милошевиќ појаснил дека вирусите влијаат врз целото наше тело. Потсетува дека во текот на историјата имало многу вируси кои влијаеле врз машката плодност и дека вирусот заушки довел до тоа денес да има многу млади мажи кои ја прележале болеста и имаат стерилитет.
-Имаме пациенти кои прележале заушки, кои имаат нормална функција, тестисите нормално изгледаат, но немнаат сперматозоиди. Немаат ниеден сперматозоид, рекол Милошевиќ.
Напоменал дека не е кај сите пациенти таков исходот, туку само кај поединци, затоа што секој организам различно реагира. Милошевиќ вели дека така е и со коронавирусот.
Напоменува дека вирусот влегува во организмот преку белите дробови, затоа што е каплична инфекција, но преминува во крвта и има ефект врз сите органи во телото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа