Лоши вести пристигнуваат од Турција: 66 лица загинаа во пожарот во хотелот во ски-центарот
Бројот на загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар се искачи на 66, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Уште 51 лице е повредено, изјави Јерликаја во провинцијата Болу каде се наоѓа хотелот, на околу 300 километри источно од Истанбул.
Многу ни е жал, рече министерот, пренесе ДПА.
Во хотелот во популарниот ски-центар Карталкаја, каде во текот на ноќта избувнал пожарот, престојувале вкупно 238 гости.
Пожарот сега е ставен под контрола, а итните служби на лице место продолжуваат со „ладење“, рече министерот.
Хотелот е изграден на рид, што го отежнува гаснењето на пожарот од сите страни, додаде Јерликаја.
Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на предупредување од локалната полиција, претходно јави дека постои опасност хотелот да се урне во секој момент.
Локалните власти не го коментираа предупредувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа