Лосон: Процесот за членство во ЕУ е фрустирачки и тежок, но придобивките се значајни
Британската Влада апсолутно дава поддршка во изнаоѓањето на вистинскиот начин за придвижување на работите напред во процесот за вашето членство во Европската унија, вели амбасадорот на Велика Британија во државава Метју Лосон.
Во гостување на ТВ Сител, Лосон рече дека процесот за членство во ЕУ е долг и понекогаш фрустирачки и тежок, но оти придобивките се значајни, како и дека е важно да се држиме до постигнатите договори.
- Нашата позиција како Велика Британија дека е суверено право на Северна Македонија да бара членство во ЕУ. Многу ми е јасно дека големо мнозинство граѓани го сакаат тоа и исто така е јасно дека Владата сака да се приклучи да направи прогрес и има план за тоа. Ја нотирам тензијата околу тоа што сум прашан за приклучување во ЕУ иако Велика Британија ја напушти Унијата но имам неколку гледишта кои се надевам ќе ги примите како наше искуство. Прво што треба да се каже дека Британското искуство од 1961 дека е потрошено долго време за да се приклчите кон ЕУ. Аплициравме за членство во 1961, а не добивме полноправно членство до 1973. Тоа се 12 години во време кога ЕУ беше многу помалку комплицирана. Мислам дека од наша перспектива ова е долг и понекогаш фрустирачки и тежок процес но придобивките се значајни за вашата земја. Втората поента, која сакам да ја истакнам, е дека за време на овој процес важно е да се држите до постигнатите договори. Имаме два важни договори. Преспанскиот договор кој го деблокираше членството во НАТО и потоа ЕУ Договорот кој бараше тешки компромиси на двете страни за да се дојде до него како решение за придвижување напред кон отворање на кластерот Основи како што е условот за уставни измени. Мислам дека тоа е компромис и од двете страни и да се најде начин за придвижување на работите напред е нешто на што Владата е посветена и Британската влада апсолутно поддржува во изнаѓањето на вистинскиот начин, рече Лосон.
Тој истакна и дека Планот за раст е многу важна компонента за влада и држава која сака да има економски развој.
- Во смисла на тоа што се нуди, дополни, зборувајќи како втор најголем инвеститор во земјава, мислам дека е важно да се потенцира природата на Планот за раст кој ќе им даде на македонските компании на странските компании кои се тука пристап до единствениот европски пазар пазар од 450 милиони луѓе значајна можност. Британските бизниси кои работат тука се многу позитивни во врска со ова. За влада и држава која сака да види економски развој Планот за раст е многу важна компонента. Значи многу се нуди од ЕУ. Британската позиција е да се поддржи вашата суверена одлука да се приклучите, наведе амбасадорот.
Нагласи и дека владеењето на правото и почитувањето на законите и договорите и поседувањето систем кој е ослободен од корупција е од витално значење за бизнис инвестициите.
-Во Западен Балкан вие сте ни значаен трговски партнер, зборувам во име на британските бизниси кои се тука, кои тргуваат и работат тука. Мислам дека првото е очигледно владеењето на правото. Да, имате само 3 проценти граѓани кои веруваат во владеењето на правото и верувааат дека правосудниот систем работи ефективно е проблем. Работиме со вашите институции со други значајни партнери за да го адресираме тоа.владеењето на правото и почитувањето на законите и договорите и поседувањето систем кој е ослободен од корупција е од витално значење за бизнис инвестициите. Затоа мислам дека ова е прв и најважен предизвик, наведе Лосон.
Други теми за кои сме зборувале, дополни тој, е да се обезбеди столбовите на демократијата да бидат силни особено во тешки времиња за Европа. - Работиме со Владата, граѓанското општество, особено во делот на справување со дезинформациите, сајбер заканите и зајакнувањето на демократијата. Особено сум задоволен што нашата програма Национална развојна стратегија која се спроведува од ОН и која обезбедува долгорочни алатки за планирање не само за Владата, туку и за граѓанското општество и младите, беше усвоена од сите партии во Собранието. Мислам дека тоа е британска контрибуција за зајакнување на вашата демократија и зајакнување на вашите институции, рече британскиот амбасадор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа