Луѓето кои се информираат од социјалните мрежи повеќе веруваат во теориите на заговор

 

Луѓето кои се информираат на социјалните мрежи како Фејсбук и Јутјуб повеќе веруваат во теориите на заговор околу пандемијата со коронавирусот и повеќе ги кршат правилата за карантин, покажува најновото истражување.

Неколку десетина предаватели за 5Г мрежата се запалени во Велика Британија во последните неколку недели. Полицијата соопшти дека нападите се мотивирани од верувањето дека 5Г мрежата е поврзана со пандемијата.

Истраќувањето на Кинс колеџот во Лондон и Агенцијата за испитување на јавното мислење Ипсос Мори покажуваат силна поврзаност во верувањето во теории на заговор и потпирањето на информации од социјалните мрежи, фклучувајќи ги Фејсбук, Јутјут, Твитер и ВатсАп, пред традиционалните електронски или печатени медиуми.

Меѓу луѓето кои веруваат дека коронавирусот воопшто не постои, 56 отсто наведуваат дека главниот извор на информации им е Фејсбук.

-Луѓето кои излегуваат од дома и оделе надовр или на работа, иако имале ги имале симптомите на коронавирусот, најмногу се информирале преку социјалните мрежи, вели Даниел Алингтон од Кинс Колеџот.

Тоа е ризик за јавното здравје, вели британскиот пратеник од Конзервативната партија, Демијан Колинс, кој исто така е загрижен за улогата на социјалните мрежи во евентуалната вакцинација.

-Ако дојдеме во ситуација во која имаме вакцина, а за ефикасност на вакцината потребно е поголем број на луѓе да ја примат, тогаш мораме и луѓето да имаат доверба во тоа. Ако луѓето шират теории на заговор и лаги околу вакцинацијата и се обидуваат да ги убедат останатите да не се вакцинираат, тогаш тоа е сериозен ризик по јавното здравје, вели тој.

Најголемите социјални мрежи Фејсбук, Јутјуб и Твитер истакнуваат дека тргнале стотина илјади снимки и објави кои содржат дезинформации за ковид-19 и кои можат да штетат.

Компаниите во чии сопственост се социјалните мрежи велат дека се соочуваат со проблеми на многу фронтови.

Повеќе од 150 компании, вклучувајќи ги и Старбакс  и Кока кола престанаа да се рекламираат на Фејсбук поради дезинформациите и говорот на омраза.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега