Лукаревска од трбината во Битола: Мицкоски да одлучи, или е за ЕУ или е за Левица

На денешната трибина „Резултати што прават разлика“ одржана во Битола, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска посочи дека е време како држава да го заокружиме процесот за продолжување на европскиот пат, повика на одговорност од сите политички чинители а опозицијата ја повика да се одлучи дали се за ЕУ или за Левица. 
 
-Пред нашата земја е историска шанса за продолжување на европскиот пат. Имаме силна поддршка од
нашите стратешки партнери и докажани пријатели на земјата, Соединетите Американски
држави. Скрининг процесот успешно се спроведува и наскоро ќе заврши. Ги започнавме преговорите со заштитен македонски јазик и идентитет, обезбеден и во Европската унија, издигнат на ниво на јазиците на земјите членки.  Одговорност на сите општествени чинители, на сите политички партии е да ја поддржат европската иднина, заедно да реализираме уште една државна, национална цел постевена уште од независноста: членство во ЕУ.
 
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат и да кажат што одлучиле: дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица. Ова е момент на вистината за Мицкоски кој гледаме дека бега од одговор на ова прашање a ставовите ги менува секој ден. Мицкоски треба да ги среди своите ставови и да да излезе пред јавноста и да каже што одлучи: Дали е за ЕУ или е за Левица?, заклучи Лукаревска.
 
Лукаревска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Левица се посветија само на блокади, хистерија од лажни вести и кочење на државата.
 
-На почетокот на минатата зима ВМРО ДПМНЕ велеше дека државата ќе пропадне, нема да има храна, ќе има
прекини на струја, ќе нема гориво. Ништо такво не се случи. Не само што струја имаше доволно, не само што немаше рестрикции, никој не беше оставен сам во оваа криза.
 
Ги поддржавме и граѓаните и компаниите со пакет од 760 милиони евра, производството на струја го зголемивме за 44% за што особена благодарност сакам да упатам до сите вработени во ЕСМ а особено и до
вработените на РЕК Битола.

 

Велеше ВМРО-ДПМНЕ и дека македонскиот јазик ќе исчезне, дека ќе се бугаризирме, ништо од тоа не се случи, напротив. Имаме обезбеден македонски јазик во ЕУ. Што и да кажат од ВМРО-ДПМНЕ, се случува спротивното, порача Лукаревска.
28.05.2023 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега