Лукаревска: Проектот МојДДВ е еден од најуспешните, се повеќе враќаме пари кај граѓаните
Еден од најуспешните проекти е МојДДВ, сосема си го оправда своето постоење, рече денеска заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во гостување за Националната телевизија (МТВ).
-Еден од најуспешните проекти е МојДДВ, сосема си го оправда своето постоење. Од денес почнуваме со исплата за претходното тромесечје. За третото тромесечје од 2023 година, повратот ќе биде околу 790 милиони денари, а ќе се однесува на 459.670 граѓани, корисници на оваа мерка. Бројката на корисници се зголемува и им благодарам на граѓаните кои се наши инспектори кои што пријавуваат и овозможуваат да се бориме со сивата економија, рече Лукаревска.
За МТВ Лукаревска посочи дека повратот на ДДВ од може да биде и повисок од моменталниот од 2.100 денари, односно тој постепено да се зголемува.
Во делот на наплатата можам да кажам дека данокот на личен доход и данокот на добивка навистина успеавме да прибереме и повеќе од она што ни беше предвидено согласно со планот и анализите, додаде таа.
-Актуелни сме на терен, секојдневно, кај различни целни групи, на различни подрачја. Работиме и по пријави од страна на граѓаните, пријава и од други наши институции. Издавањето на фискални сметки е она кое што треба да биде белег на нашата држава, затоа што тоа е и пракса во европските земји, истакна Лукаревска.
Лукаревска кажа дека со данокот на солидарност треба да се обезбедат три милијарди и единаесет милиони денари. Според расположливите податоци повеќе од 2/3 од компаниите ги подмириле обврските , а остануваат уште околу 1/3.
01.11.2023 - 18:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа