Лутите пиперки помагаат во губење тжина- неколку причини зошто е добро да се јаде луто секој ден
Лутите пиперки имаат и свои предности:
Помагаат во губење на тежината –Истражувањата покажуваат дека лутите пиперки содржат капсаицин, состојка чиј ефект му помага на телото да согори повеќе калории.
Го спречува ракот – Истражувањата покажаа дека капсаицинот во лутите пиперки ги убива клетките на ракот . Овој лут зеленчук, исто така, помага во борбата против настинки, служи како превенција од мозочен удар и ја спречува дебелината.
Го штити срцето – чили пиперките штитат од кардиоваскуларни заболувања и го намалуваат ризикот од срцев напад и мозочен удар а исто така го намалуваат и штетното влијание на лошиот холестерол.
Го намалуваат крвниот притисок – Тоа е научно докажано дека лутите пиперки го намалуваат крвниот притисок и ги опуштаат крвните садови.
Ослободуваат од гнев – лутата храна го стимулира производството на серотонин , хормон кој ги тера луѓето да се чувствуваат добро. Затоа се корисни во борбата против депресија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа