Мајка херој: Без размислување го грабна детето и го заштити со своето тело откако напаѓач почна да пука во ресторанот во Бразил (ВИДЕО)

 

Мајката херој, бремена шест месеци, го ризикуваше својот живот за да го заштити својот син кога вооружен напаѓач отвори оган во ресторан во Бразил.

Инцидентот се случил во неделата вечерта, на 24 јануари, кога Рафаела Дантас вечерала со сопругот, синот и пријателите во градот .

На снимките од надзорните камери се гледа како двајца мажи влегуваат во зградата со намера да го ограбат ресторан.

Еден од мажите, облечен во дуксер со црна качулка, им вперил пиштол во еден од клиентите кој се обиде да ги сопре крадците во намерата.

Како што објави бразилскиот Г1, напаѓачот испукал еден куршум кон него, но за среќа промашил. Гледајќи како се одвива сцената, Дантас брзо го грабна нејзиното четиригодишно дете и го повлекла со неа на земја.

Мајката го заштитила синот со своето тело, додека еден од мажите, облечен во кошула во риги дошол до масата каде ручале и зел два телефони пред да избега од местото на настанот.

За среќа, никој од клиентите не бил повреден при грабежот. Полицијата која го истражува инцидентот пронашла еден од украдените телефони во блиската грмушка.

Истрагата се уште трае, а полицијата трага по осомничените, пишува Унилад.

Потегот на мајката беше окарактеризиран на социјалните мрежи како херојски чин, а еден корисник напиша: „Мајчинската љубов е најскапоценото нешто на светот“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега