Мајка сo две деца од Македонија евакуирани од Газа, претходно не сакале да си заминат

Во текот на изминативе 24 часа и последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, веќе се евакуирани и со тоа се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата.

По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено кон дома, велат од МНР.

Министерството упати благодарност до канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) за нивната асистенција при трансферот на нашите државјани од египетскиот главен град Каиро до Скопје.

Министерството потсетува на нашите контакти за пријава на евентуални наши државјани во Газа. СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542

23.01.2024 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега