Мајкл Кејн користи бастун на своето прво појавување на црвениот тепих по 2 години

 

Сер Мајкл Кејн ретко се појавува во јавност, но во средата вечерта ѝ се придружи на екипата на „Големиот бегалец“ за премиерата на филмот во лондонскиот „БФИ Саутбенк“.

Ветеранот на големиот екран седи додека го фотографираат на настанот, облечен во темносин костум со бледосина кошула.

90-годишниот актер користи бастун или помагало за одење по паѓањето на мраз кога претрпе фрактура на глуждот во 2018 година.

Режисерот Оливер Паркер му помогна на црвениот тепих. Тој се фотографира и со актерскиот тим околу него.

Во „Големиот бегалец“ (The Great Escaper), инспириран од вистинска приказна, тој го глуми Бернард Џордан, кој во 2014 година го изведе познатото бегство од старски дом за да им се придружи на колегите воени ветерани на плажа во Нормандија.

Сер Мајкл неодамна посочи дека филмот, најверојатно, ќе биде неговата последна улога.

Во интервју за весникот „Дејли телеграф“ тој рече: „Сега имам 90 години и не можам да одам правилно“.

„Со пандемијата и сето тоа, немав снимано три години и мислев дека завршив со снимање филмови“, додаде тој.

„И одеднаш се појави ова прекрасно сценарио и си поминав – толку е убаво… Бев многу среќен што повторно снимам. Многу ми се допадна ликот на Барни“.

21.09.2023 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега