Македонците консумираат најмалку месо во Европа

 

Северна Македонија, Албанија, Турција и Молдавија се земји каде што најмалку се консумира месо. Според мапата за потрошувачката на месо по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Македонците, Албанците, Турците и жителите на Молдавија годишно консумираат по 39 килограми месо.

Од земјите во регионот, најголема потрошувачка на месо има во Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа се Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител. Србите во просек годишно јадат по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина 43 килограми.

Шпанија е на прво место во Европа со 99 килограми месо по жител. Втора е Португалија со 95 килограми, а на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител.

Податоците на „Landgeist“ за потрошувачката не месо не ги вклучуваат рибата и морските плодови. 

30.03.2023 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега