Македонец со автомобил падна во река во БиХ (ФОТО)
Македонецот З.Љ. (48) утрово со неговото „ауди К7“ падна во реката Босна во Добој, Босна и херцеговина, а за среќа не е повреден.
Мажот паднал со автомобилот во реката, по што се качил на покрив и чекал да го спасат полицајците.
„Возилото било управувано од страна на З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето учествуваа полициски службеници од Добој“, соопштија од полицијата.
15.06.2022 - 14:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа