Македонец уапсен во Швајцарија: Се обидел да изврши грабеж во пензионерски дом


Во вторникот вечерта, 24-годишен македонски државјанин влегол во пензионерски дом во швајцарскиот град Гамс, во близина на границата со Лихтенштајн. Со изговор дека мора да ја провери касата, тој се обидел да изврши кражба.

Меѓутоа, неговиот план брзо пропаднал. Персоналот на пензионерскиот дом, свесен за неговите намери, повикал полиција откако тој се обидел насилно да ја отвори касата.

Ограбувачот бил задржан во просториите до пристигнувањето на локалната полиција во Сент Гален, која го уапсила. Против него е поднесена кривична пријава.

10.09.2024 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега