Македонската инфлуенсерка наскоро ќе стане мајка: Дотерана од глава до пети позира во осмиот месец од бременоста
Македонската инфлуенсерка Ангела Георѓиев, наскоро ќе се реализира во улогата на мајка за првпат во својот живот. Моментално, таа е во осмиот месец од бременоста, а пак на социјалните мрежи откри дека нетрпеливо го очекува моментот кога ќе стане мајка.
Но и покрај тоа што е при крај од осмиот месец на бременоста, инфлуенсерката Георѓиев внимава на својот изглед и ја следи својата пасија, а тоа е модата.
Во текот на вчерашниот ден, Ангела објави слика на социјалната мрежа „Инстаграм“, како шета по улиците на Скопје, дотерана од глава до пети, со кафе в рака.
Геоѓиев се реши за впечатлив изглед и се појави во јавноста со храбар стаjлинг. Овојпат искомбинира син комбинезон, со бледо розова боја на сако. Ангела не погреши ниту во изборот на ташната, а своето модно издание го комплетираше минимален накин - прстени и нетолку впечатливи ланчиња, кои одлично се вклопија во целосниот изглед.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа