Македонската пејачка скршена: "Ах бе Сарче, не искина...светла жено прерано згасна"
Харфистката и пејачка Сара Мејс се огласи на социјалните мрежи и објави потресна објава за својата пријателка и колешка Сара Пројковска, која вчера беше испратена во вечниот дом.
-Ах бе Сарче, не искина…Не може од глава да ми излезе твојата насмевка и твојата позитувна енергија што секогаш ја носеше и заразно ја ширеше, светла жено низаедна.. Прерано згасна, не е фер.. Нека ти е светол патот кај ангелите, напиша Сара.
Инаку, во пожарот во Кочани загинаа 59 лица, повеќе од 160 се повредени. Дел од повредените се на лекување во Клиниките низ Македонија, дел во регионот и странство.
Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали.
За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа