Македонската пејачка со емотивна објава: Џабе ова сонце кога и небото плаче
Македонската водителка и пејачка, Бојана Скендеровски, објави потресен статус вчера, на најтажниот ден во поновата историја на Македонија, кога во вечниот дом беа испратени 59 ангели - жртви на трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.
- Џабе ова сонце денес, кога е претешко…Џабе ова сонце денес, кога небото плаче…Господе отвори ги своите рајски порти…напишта таа.
Таа и претходно се огласи за трагедијата која ја потресе земјава, регионот и светот.
- Сите тагуваме,сите сме укочени од болка,сите сме во шок што ни се случи…не е време за препукувања, не е време да се пцуеме, не е ни време да се биде хиена, и да се зграпчи некој лајк повеќе, жртвите не се ни закопани, не се знае ни за судбината на многу повредени…да бидеме човечни,ве молам да останеме луѓе….напиша Бојана.
Се прости и од Андреј од ДНК, кој вчера беше испратен во вечниот дом.
- Многу ми е жал Андреј…не беше време,многу е рано Андреј…Ако утре те нема, не можеме, а да не жалиме…напиша пејачката и водителка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа