Македонски брачен пар е „заглавен“ во Газа - кога точно ќе го евакуираат, МНР не може да прецизира

 

 

Македонски брачен пар е заглавен во Газа. Од Министерството за надворешни работи уверуваат дека е безбедно смесен во болница на Црвената полумесечина. Оттаму велат дека се ставени на официјалната листа за евакуација, но се чекале соодветни услови за нивна евакуација.  

„Информираме дека двете Амбасади на Република Северна Македонија, во Каиро и Тел Авив, се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, со цел евакуација на двајцата наши државјани, брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах.

Парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно. Со посредство на нашите ДКП-а, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат. 

Остануваме во секојдневна комуникација со нив, се до нивно евакуација на безбедно“, велат од МНР за Прес24.

„Во меѓувреме работиме на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваме на нашите контакти: СОС телефони на МНР-  075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Кајро +201033615542“, прецизираат од МНР.

15.10.2023 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега