Македонски маркет бара работници од Србија: Плата од 40.000 денари

 

Како што посочуваат од компанијата Стокомак, првата фаза на проширување предвидува отворање на дисконти во Пирот, Ниш (кај Ново Село), ​​Параќин, Лесковац и Панчево, а дека компанијата е во финални преговори за уште неколку локации.

Компанијата на својата Фејсбук страница објави дека бара кандидати за три позиции на три локации.

Првата позиција која се бара е касиерка за локациите Пирот, Ниш (Ново Село) и Лесковац. Платата за без искуство би била 65.000 динари, додека со искуство 70.000 динари.

Во огласот стои дека е загарантирана 13 месечна плата како и бонус за напредок и учинок на работа. Исто така, има празнични (верски) бонуси како и нешто што тие го нарекуваат „козметички летен сет“.

Истите поволности ги има и заменикот шефот на маркетот, но малку повисока плата. За оваа позиција се нуди плата од 80.000 динари.

19.02.2025 - 19:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега