Македонски Телеком со раст и зголемена добивка во првите три месеци од 2021 година

Во првите три месеци од 2021 година Македонски Телекомоствари раст и позитивни резултати, особено во сегментите за интернет и телевизија.Приходите од продажбата се зголемени за 2,6 отсто и изнесуваат 2.686 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 13,1 отсто,во споредба со истиот период претходната година.

Цврста лидерска позиција на ТВ пазарот

Македонски Телеком ја задржува лидерската позиција со 34 отсто удел на ТВ пазарот. 
Во првите три месеци од 2021 годинабројот на корисници е зголемен за 4,3 отсто, со што базата на корисници изнесува 143,3 илјади. Како резултат на овој тренд, зголемени се и приходите од дигитална телевизија за 4,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Продолжува позитивниот тренд во интернет сегментот

Трендот на сè поголема побарувачка на интернет го зголеми бројот на корисници на широкопојасен интернет за 6,4 отсто, со што уделот на пазарот изнесува 50,2 отсто или 193,1 илјада корисници во првите три месеци на 2021 година. Позитивниот тренд влијае и на вкупниот број пристапи на широкопојасен интернет којшто е зголемен за 5 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Континуиран раст на оптичката мрежа

Остануваме посветени на ширењето на оптичката мрежа, којашто е основа на дигиталното општество.Во првите три месеци од 2021 година Македонски Телеком овозможи повеќе од 227 илјадипристапи до оптика што е за 12,9% повеќе споредено со истиот период од претходната година.За да ги задоволиме барањата на корисниците за брза и стабилна мрежапостојано инвестираме во мрежата идосега имаме инсталирано оптичка мрежа во должина од 6.900 километри на територијата нацелата држава.Инвестициите во оптичка мрежа којашто овозможува големи брзини и пренос на податоци ќе продолжат да бидат приоритет на нашиот тим и во наредниот период.Остануваме посветенина одржувањето на капацитетот на мрежата и на најбрзиот и најбезбеден интернет пристап за непречена комуникација и поврзување на корисниците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега