Македонскиот Бугарин Петар Колев бара Бугарија да продолжи со ветото врз Македонија
Петар Колев, претседател на Македонската партија ГДУ, македонскиот Бугарин, во минатонеделното гостување на БНТ, го пофали ставот на Радев, обвинувајќи ја нашата влада дека потрошила 30 мил. евра за антибугарска кампања.
На прашање на новинарката на БНТ зошто на минатите избори собрале само 0,38%, г-динот Колев не одговори на прашањето туку рече:
„Според нас, сегашната позиција на Бугарија не треба да се менува во иднина додека Бугарите во Македонија не ја добијат својата рамноправност, не се смени Уставот, и овој мал збор ( думичка ) „Бугари“ не се вметне во самиот устав.“
Понатаму додаде:
„Затоа што ако тоа се случи 9 да се подигне ветото н.з.), тоа ќе биде единствен не само европски, туку и глобален парадокс, бидејќи Бугарија ќе го жртвува или прифати феноменот на газење на човековите права на сопствените сонародници во македонија, а наместо тоа ќе им овозможи на другите луѓе, да имаат корист од дополнителните човекови права, како што е слободното движење на луѓе, стоки и капитал во ЕУ“
Запрашан кому му користи тоа што работите ги прикажува на спротивен начин и и сугерира на Европа дека во РСМ нема проблем со правата на Бугарите, Петар Колев рече:
„Македонската влада издвои 30 милиони евра за сериозна меѓународна кампања, клеветничка, против Бугарија и против Бугарите во Македонија“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа