Македонскиот репрезентативец мора да ја напушти Украина: Договорот го потпиша пред само неколку недели
Ѓоко Зајков како што стојат работите ќе мора да ја напушти Ворскла од Украина.
Македонскиот репрезентативец потпиша за овој тим пред само неколку недели, а сега изгледа ќе треба да си замине.
Имено, Минстерството за надворешни работи на Македонија ги повика сите македонски граѓани кои се во можност во најскоро време да ја напуштат Украина. Причина е ситуацијата помеѓу оваа земја и Русија која е загрижувачка.
„Сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата; дополнително, сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата“, велат од МНР.
Така Зајков ако ги почитува препораките ќе треба да бара нова средина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа