Македонските функционери од април со 500 евра повисока плата - ќе земаат и по 3000 евра месечно
Од април функционерите ќе добијат ново покачување на својата плата. Во зависност од позицијата на која се наоѓаат тоа ќе се движи од 300 до 500 евра плус месечно.
Со новото усогласување на платите со минималната плата, Претседателот месечно ќе не чини околу 3.000 евра нето, а пратениците околу 2.000.
Ваквото зголемување ќе биде редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.
Инаку, вакво зголемување пристига и откако лани платите само на функционерите пораснаа за неверојатни 78%.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа