Македонските херои слетаа на аеродромот во Скопје (ВИДЕО)

 

Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Палермо го урна европскиот првак Италија со 1-0, а херој беше напаѓачот Александар Трајковски кој во 92. минута ги расплака „аѕурите“ и обезбеди финале во баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

„Црвено-жолтите“ направија уште една сензација, откако лани на колена ја клекнаа Германија, а вчера ѝ пресудија и на големата Италија, по што денеска македонските херои се вратија во татковината.

Македонските фудбалери слетаа на аеродромот во Скопје, по што ќе заминат на плоштадот Македонија, каде што ќе ги чекаат навивачите за да го прослават историскиот успех.

25.03.2022 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега