Македонските планини: Природно богатство што бара заштита и одржлив развој

 

Сместена  во срцето на Балканот, Македонија е земја на фасцинантни природни контрасти, од живописни рамници до  планини што се издигнуваат како чувари на нејзиното биолошко и културно наследство. Со богата флора и фауна, овие региони претставуваат не само природен, туку и економски потенцијал кој, доколку се искористи правилно, може да стане двигател на одржлив економски развој.

Сепак, предизвиците поврзани со заштитата на животната средина сè уште го попречуваат овој процес иако  последните години, сè повеќе се нагласува значењето на зачувувањето на ретките и ендемски видови што живеат на македонските планини. Иако тие се клучни за одржување на биодиверзитетот и стабилноста на екосистемите, сепак, овие природни богатства се соочуваат со закани, меѓу кои најголема е загадувањето предизвикано од дивите депонии. Нелегалното фрлање отпад е хроничен проблем во Македонија, а планинските региони не се исклучок. Илјадници диви депонии ја загадуваат почвата, водите и воздухот, уништувајќи ја природната рамнотежа и намалувајќи ја атрактивноста на овие предели за туризам.

Само во Полошкиот регион се идентификувани околу 80 вакви депонии со повеќе од 10.000 тони отпад, што ја покажува сериозноста на проблемот и итноста за преземање мерки. Одговорот може да дојде преку еко-туризмот – гранка што бележи глобален раст од 20 до 40% годишно. Со соодветна инфраструктура, чиста околина и зачуван природен амбиент, македонските планини можат да станат водечки дестинации за алтернативен туризам. Планинарењето, велосипедизмот, кампувањето и организираните еко-тури не само што привлекуваат туристи, туку и создаваат нови можности за локалните заедници, преку отворање работни места и зголемување на приходите во локалните буџети.

Еден од позитивните примери за вакви напори е иницијативата на Пивара Скопје преку својот бренд СКОПСКО, која во рамките на својата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост.Наша одговорност.“ ја покрена кампањата „Заедно се грижиме за планините“. Преку оваа иницијатива, со секое купено шише „скопско“ и „скопско смут“ со специјална етикета, се издвојува по 1 денар за активности насочени кон заштита на природата, организирање акции за чистење и подобрување на инфраструктурата во планинските предели.

Преку здружени напори на институциите, приватниот сектор и граѓанските организации, може да се создаде модел на одржлив развој што ќе ги зачува природните богатства, а истовремено ќе придонесе за економскиот напредок.

Наша гордост. Наша одговорност.

05.03.2025 - 17:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега