Макрон, Шолц и Туск се согласија: „Ќе купиме повеќе оружје за Украина“

 

Олаф Шолц и Емануел Макрон изразија „единство“ за помошта за Украина на самитот во Берлин  со полскиот премиер Доналд Туск.

„Денес, повеќе од кога било, нашето единство е нашата сила, а пред се нашите три земји Германија, Полска и Франција сносат посебна одговорност“, рече германскиот канцелар.

„Конкретно, ќе купиме повеќе оружје за Украина, на целиот светски пазар“, рече тој по средбата.

Трите земји се „обединети“ и „решени никогаш да не дозволат Русија да победи и да го поддржат украинскиот народ до крај“, истакна францускиот претседател.

15.03.2024 - 20:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега