Макс пиел по 20 апчиња дневно: Милијардерот има тешка зависност и депресија?

 

Илон Маск консумирал многу дрога додека работел како еден од најблиските советници на Доналд Трамп, земајќи кетамин толку често што имал проблеми со мочниот меур и патувал со дневна залиха од приближно 20 апчиња, според тврдењата доставени до „Њујорк тајмс“.

Написот на весникот догаѓа откако Белата куќа на 29 мај му се заблагодари на Илон Маск за неговата служба. Милијардерот претходно објави дека го прекинува својот ангажман во администрацијата на Доналд Трамп.

Според изворите на весникот, Маск понекогаш користи и екстази и психоделични печурки на приватни забави. Бизнисменот претходно изјави дека лекарите му препишале кетамин за депресија и ги негираше извештаите за зависност од нелегални супстанции.

– Ако земете премногу кетамин, не можете да си ја работите работата, а јас имам многу работа – рече Маск.

Изворите за весникот тврадат виделе фотографии од неговата обична кутија со лекови  којаја содржела апчиња со ознаки на „Адерал“, заедно со други супстанции.

Останува нејасно дали Маск бил под дејство на дрога за време на неговиот престој во Белата куќа, каде што присуствувал на чувствителни состаноци со странски лидери и имал моќ во однос на намалувањето на федералните трошоци.

Белата куќа не одговори на барањето за коментар дали Маск бил подложен на тестирање за дрога и покрај неговиот пристап до класифицирани информации.

Написот на „Њујорк Тајмс“ сугерира дека милијардерот (53) развил здравствени проблеми поради зависност, станал поагресивен, расположението му се променило драматично и станал опседнат со желбата да има повеќе деца.

Популарниот подкастер и јавен интелектуалец Сем Харис, кој јавно го заврши своето пријателство со Маск, напиша во јануарскиот билтен: „Нешто сериозно не е во ред со неговиот морален компас, ако не и со неговата перцепција за реалноста“.

Кетаминот може да предизвика дисоцијација, а хроничната употреба на оваа дрога се заканува да доведе до зависност, како и до болка и проблеми со контролата на мочниот меур.

Според „Вашингтон Пост“ Илон Маск ја напуштил Белата куќа од повеќе причини, а две од нив според написот се тешкотијата да постигне резултати во својот Оддел за владина ефикасност, но и тоа што бил загрижен за сопствената безбедност.

Маск, чија нето вредност е проценета од „Блумберг“ на 374 милијарди долари, беше еден од најголемите донатори на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2024 година. „Њујорк Тајмс“ проценува дека потрошил повеќе од 250 милиони долари за да му помогне на Трамп да победи на изборите.

Блискоста на Маск со претседателот и чекорите што ги презеде како шеф на ДОГЕ, вклучително и масовните отпуштања на државни службеници, предизвикаа широки критики. Незадоволството од политиките на Маск влијаеше и на неговата компанија, Тесла.

Акциите на компанијата паднаа за повеќе од 55% од почетокот на 2025 година.

30.05.2025 - 21:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега