Малчевски: Не е прашање дали Бугарите ќе влезат, проблемот е негаторската политика на Бугарија кон Македонија
Универзитетскиот професор Самоил Малчевски во емисијата 24 анализа рече дека ниту една политичка гарнитура нема мандат да прави уставни измени, зошто на изборите во 2020, никој го немаше тоа во изборната програма.
- Де факто и де јуре тоа го правеа кога не убедуваа дека ги затвориле сите прашања со соседите на Балканот, им посочив дека дополнително ќе се влошат односите со Бугарија. 80% од македонците во анкетите се против уставните промени, но има и редок момент, дека и 32% Албанци се против промена на уставот. Првпат имаме вакви бројки. Не е прашање дали Бугарите ќе влезат, проблемот е негаторската политика на Бугарија кон Македонија.- рече Малчевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа