Мали сипаници во Србија, заболеле шестмина невакцинирани

 

Во Србија се појавија мали сипаници и затоа е зајакнат епидемиолошкиот надзор. Сипаници се потврдени кај шест лица од Смедерево, соопшти белградскиот Институт за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Станува збор за пет невакцинирани, помлади од две години, кои се хоспитализирани и едно 47-годишно лице чиј статус на вакцинација не е познат, јавува Н1 Србија.

Две болни деца имаат пневмонија, а Институтот за јавно здравје во Пожаревац вчера пријави епидемија на сипаници во Смедерево. Едно дете е хоспитализирано во Белград, пишува на сајтот на Институтот за јавно здравје на Србија.

Се наведува дека од 11 јануари се зајакнати мерките на епидемиолошки надзор на мали сипаници на територијата на Србија, согласно планот за активности за отстранување на болеста.

„Треба да се спроведат зајакнати мерки за надзор до понатамошно известување, односно барем до крајот на двојниот максимален период на инкубација од последниот регистриран случај. Пандемијата на Ковид несомнено влијаеше на движењето на други заразни болести во европската област, вклучително и малите сипаници.

За време на пандемијата, имунизацијата со МРП вакцината беше стопирана или одложена во речиси четвртина од земјите во светот, а во голем број имаше значителен пад на вакцинацијата. Во текот на 2020 и 2021 година во Србија се забележани најниски стапки на вакцинација против МРП во последните 20 години, соопшти Институтот.

Исто така, Институтот наведува дека во последната епидемија на сипаници во Србија, во 2017 и 2018 година, се евидентирани околу 5.800 заболени, од кои 93 отсто не се вакцинирани, нецелосно вакцинирани или со непознат статус на вакцинација. Посочуваат дека една третина од пациентите биле хоспитализирани поради тежината на клиничката слика проследена со компликации.

Велат дека во таа епидемија биле забележани 15 смртни случаи, а меѓу починатите имало и четири деца на возраст до пет години, пренесува Н1 Србија.

13.01.2023 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега