Мало недоразбирање, вели косовската претседателка Османи за знамето на „голема Албанија“ во Тетово

 

 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека посетата на премиерот Албин Курти во Македонија била погрешно разбрана, додавајќи дека истакнувањето на знамето на „голема Албанија“ во Тетово не било организирано, туку граѓаните го донеле самоиницијативно, пренесува „Коха“.

 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека посетата на премиерот Албин Курти во Македонија била погрешно разбрана, додавајќи дека истакнувањето на знамето на „голема Албанија“ во Тетово не било организирано, туку граѓаните го донеле самоиницијативно. , пренесува „Коха“.

Таа посочи дека албанската заедница која живее во Северна Македонија продолжува да придонесува за изградбата на таа земја и дека тоа го знаат институциите.

„Верувам дека тоа е мало недоразбирање. Кога ќе имаме взаемна волја, која секогаш сме ја докажувале, ќе се надмине, знаејќи дека сите косовски институции се заинтересирани само за раст на позитивните односи со Северна Македонија“, рече Османи.

Политичките фактори настапот на Курти го гледаат како националистички, за време на чиј говор, пред илјадници поддржувачи во Тетово, јавно беше истакнато знамето на „голема Албанија“. Скандалот продолжи кога снимките со симболот со територијални претензии ги сподели на социјалните мрежи, тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Билал Касами кој беше организатор на настанот, а и го пречека со песна „Добредојдовте во Албанија“.

Реагираше македонскиот претседател Стево Пендаровски кој рече дека „нагласувањето на провокативната националистичка иконографија поттикнува омраза и етничка нетрпеливост и ги нарушува основните вредности на Охридскиот рамковен договор“. Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски реагираше и побара одговорност, но не и Владата. „Макфакс“ побара став од владината прес-служба, кој е заедничкиот став на сите министри кои се дел од Владата. Оттаму, добивме игнорирање и молк.

По лицето што го вееше знамето на „голема Албанија“ полицијата веќе четири дена трага.

Скандалозно беше и тоа што на настаните не беше интонирана државната химна, ниту пак беше поставено државното знаме, за што Министерството за внатрешни работи претходно денес до надлежните Основни судови поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против Општина Чаир и Општина Тетово и градоначалниците на овие општини, Висар Ганиу и Билал Касами.

МВР образложи дека не е постапено во согласност со Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

Албанските политички лидери кои учествуваа на собирите со косовскиот премиер и покрај осудите и бурните реакции не и’ се извинија на јавноста.

15.08.2023 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега