Малолетен Косовец со „ауди“ прегази двајца тинејџери во Скопје
Двајца тинејџери на возраст од 17 и 18 години се прегазени синоќа во Шуто Оризари од страна на 17-годишник од Косово кој управувал со моторно возило „ауди“.
-Вчера во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ . Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа