Малолетничка со трактор прегазила пешак во Струмица

Вчера во 21.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат од брана „Иловица“ кон село Иловица, струмичко, трактор без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од село Иловица, удрил во пешакот Н.К.(26) од село Иловица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

11.06.2024 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа