Малолетник од Велес со мотоцикл удрил во полицаец па во службено возило на МВР

 


Ноќеска во 00.30 часот, во СВР Велес, извршен е службен разговор со малолетник од село Горно Оризари, велешко, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес.

Имено, во село Горно Оризари, додека управувал мотоцикл без регистарски ознаки, не запрел на даден знак од полициски службеници кои извршувале службени задачи и удрил во еден од нив, а потоа и во паркирано патничко возило „шкода“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, по што се дал во бегство.

По преземени мерки, малолетникот е пронајден, известен е јавен обвинител, а мотоциклот е одземен.

По документирање на настанот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

08.07.2025 - 16:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега