Малолетник се коцкал во обложувалница и оштетил еден од апаратите

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Д.(48) од Штип и против правно лице со седиште во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,комар“.

Во простории на спортска обложувалница во Прилеп, пријавените овозможиле на 17-годишник да ги користи услугите на обложувалницата, кој подоцна оштетил еден од апаратите за игри на среќа. 

23.06.2025 - 13:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега