Манчестер Јунајтед оди на продажба – за 4,4 милијарди евра
Сопствениците на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, фамилијата Глејзер сака да го продаде клубот за околу 4,4 милијарди евра, објавија денеска англиските медиуми. Според нив, ревизијата на клубот покажала дека Јунајтед толку вреди во моментов, па купопродажбата би можела да биде финализирана до крајот на годинава. Ако се оствари, тоа ќе биде најголема трансакција во историјата на спортот.
Како потенцијални купувачи се спомнуваат најбогатиот Британец, Џим Ретклиф, но владејачката фамилија во Дубаи која со тоа ќе им стане конкуренција во Премиер лигата на Абу Даби (Манчестер Сити) и Саудиска Арабија (Њукасл).
Фамилијата Глејзер е сопственик на Манчестер Јунајтед од 2005 година, а последната титула во Премиер лигата ја освои во 2012.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа