Манев на судењето: Прашајте го Палевски зошто ја уби Вања

 


Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој денеска одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети. Манев истакна дека причината за убиството на Вања и Панче е прашање кое треба да се упати на обвинетиот Љупчо Палевски.

Прашајте го Палевски зошто ја уби Вања, одговори второобвинетиот Велибор Манев на прашање од таткото Александар Ѓорчевски на денешното рочиште во судот.

– Што се случи, зошто ми го убивте детето? – праша Александар Ѓорчевски.

– На тоа прашање не можам да одговорам, треба да го прашате Палевски, тој што го изврши тоа – рече Манев.

19.03.2025 - 11:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега