Маричиќ: ЕУ го поддржува македонското земјоделство и го прави европско

ЕУ го поддржува македонското земјоделство и го прави европско, потенцираше заменик претседателот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ од денешната говорница.
 
„Финансиската спогодба за ИПАРД 3 програмата обезбеди 97 милиони евра за мерки наменети за развој и јакнење на македонското земјоделство.
Инвестирањето во градење земјоделска политика по европски терк претставува квалитетно трасирање македонското земјоделство и директен придонес кон јакнење на нашата економија.
Овие средства се значителен импулс и поддршка за земјоделците да го унапредат своето производство, воведувајќи иновации и модерни технологии“, потенцираше Маричиќ.
Додаде дека за илјадници македонски земјоделски семејства се отвораат можностите кои ги нуди ИПАРД програмата, како и за младите кои сакаат да придонесуваат за развој на земјоделието и да останат во државата, да планираат и градат иднина во својата родна земја.

02.10.2023 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега