Маричиќ го барал владиниот авион за да лета од Скопје до Ниш - враќај се во Скопје ќе се распадне коалицијата

 

Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи во „Дејли Клик“ на ТВ21 откри две злоупотреби на владиниот авион од минатата влада.

Првиот е кога тогашниот министер Бојан Маричиќ барал со него да лета од Скопје до Ниш, а вториот кога Талат Џафери го барал авионот додека е на сервис, и било побарано веднаш да биде вратен во Скопје, за да не се распаднела коалицијата СДСМ – ДУИ, открива Томовски.

„Има еден обид за злопотреба и една класична злоупотреба на авионот. Како на пример Бојан Маричиќ кога го барал авионот да лета од Скопје до Ниш, а побрзо и поекономично е да стигне до Ниш со возило. И за среќа е одбиен од службата. И вториот случај е кога од страна на Талат Џафери бил побаран владиниот авион во миговите кога бил тој на вонреден сервис во Нирнберг. И додека е авионот на сервис, пилотите одат во САД каде вежбаат на симулатор за летање, по што пилотот добил телефонски повик брзо да се врати во Скопје со авионот. Тој им одговорил дека е расклопен и дека е на сервис и дека не може да се врати, му рекле како знае да го склопи и веднаш да дојде во Скопје, во спротивно ќе се распаднела тогашната коалиција СДСМ – ДУИ. Значи има загрозување на безбедноста на пилотите, патниците кои понатаму ќе летаат со тој авион само да не се распадне коалиција“, рече Томовски.

23.09.2024 - 12:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега