Марк Закерберг осиромаши: Го нема веќе на листата 10 најбогати лица во САД

 

Главниот извршен директор на компанијата „Мета“ (поранешен „Фејсбук“), Марк Закерберг повеќе не е меѓу првите десет најбогати луѓе во САД, според „Форбс“.

Угледниот бизнис магазин го откри ова преку неговата листа на 400 милијардери во САД („Форбс 400“) во вторникот, наведувајќи дека Закерберг изгубил повеќе од половина од своето богатство во вкупен износ од 76.8 милијарди долари, што почна да се случува во септември 2021 година.

Според „Форбс“, ова е првпат интернет-претприемачот да доживее ваков пад од 2015 година, бидејќи од трето падна на единаесетто место.

Марк Згутович, аналитичар во „Бенчмарк“, фирма за истражување и инвестициско банкарство, откри дека „Фејсбук“ во моментов не заработува пари од рекламирање што негативно влијаело на сопственикот на компанијата.Илустрација на „Форбс“ за Марк Закерберг, кој испадна од топ-10 најбогати Американци

„Фејсбук најмногу заработува од рекламирање, а сега веќе ги нема тие податоци. Сите овие сигнални податоци исчезнаа, што во основа значи дека огласувачите имаат проблем да кажат дали кампањата била успешна или не“, рече Згутович.

Закерберг првпат стана милијардер во 2008 година, само четири години по основањето на „Фејсбук“. На возраст од 23 години, тој беше најмладиот милијардер во тоа време, дебитирајќи на позиција 321 на „Форбс 400“. Тогаш неговото богатство беше проценето на 1.5 милијарда долари.

Сепак, до 2011 година, нето вредноста на Закерберг се зголеми речиси 12 пати на 17.5 милијарди долари.

Најбогатиот Американец на листата на Форбс е извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, поради неговиот пораст од 11% во проценетите 60.5 милијарди долари додадени оваа година.

29.09.2022 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега